Османи: Државата има потреба од институција за гонење висок криминал – Слободен печат
ВестиМакедонија

Османи: Државата има потреба од институција за гонење висок криминал

Вицепремиерот додаде дека ДУИ останува и на иницијативата за воведување ветинг, оценувајќи дека тоа е потребно меѓу граѓаните да се врати довербата во институциите.

ДУИ на лидерската средба во петок ќе го застапува ставот дека на државата ѝ е потребна институција за борба против корупција на високо ниво во политиката, што, меѓудругото, е и барање на Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

– Демократската унија за интеграција останува на ставот дека Република Северна Македонија има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката. Тоа е барање на Европската Унија, тоа е барање на граѓаните, и со таков став ќе се претставиме на лидерската средба – изјави Османи.

Вицепремиерот додаде дека ДУИ останува и на иницијативата за воведување ветинг, оценувајќи дека тоа е потребно меѓу граѓаните да се врати довербата во институциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close