Османи: Џемаили не е осуден во случајот „Мавровски работници“ - Слободен печат

Османи: Џемаили не е осуден во случајот „Мавровски работници“

Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за Законот за Јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Зошто сметате дека Хисен Џемаили, кој беше обвинет во случајот „Мавровски работници“ од 2001 година, е добар избор за министер?

– Прво, господинот Џемаили не е осуден за настаните коишто вие ги споменувате. Тоа беше главно дел од поранешната пропаганда против ОНА и нашите информации се дека воопшто не бил вмешан во настаните за коишто се споменува. Формално-правно тој нема пречка за извршување јавна функција. Тој беше претседател на Советот на Општина Тетово, беше пратеник во Собранието.

Но, тогаш му беше одземен имунитетот за овој случај.

– Да, но знаете дека процесот формално беше завршен со автентичното толкување на Законот за амнестија од 2001 година. Значи, ви кажувам дека формално-правно нема пречка, меѓутоа еве и неформално можам да ги споделам и информациите коишто ги имам дека господинот Џемаили воопшто не бил дел од настаните за коишто се споменува. Но, во однос на компетентноста, во однос на образованието и искуството, апсолутно сметам дека е вистински човек на вистинско место.

Прочитај повеќе

Демонстрации во Јордан против увозот на гас од Израел (ВИДЕО)

Слободен Печат

Уапсени две лица што се обиделе да продадат 12 милијарди лозинки

Слободен печат

Тактиката на Макрон за „исцрпување“ на демонстрантите дава резултати?

Слободен печат

Се појави нов мистериозен вирус – американските власти ги прегледуваат патниците од Кина на аеродромите

Слободен Печат

Секојдневните потреби го натерале прачовекот добро да го запознае морското дно

Слободен печат

Харадинај оди во Хаг

Слободен Печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 02/09/2019 - 07:09 at 07:09

Има повеќе терористи во Собранието и во владата, не е само Џемаили. Прв е Ахмети, без кого ниедна партија не може да состави Влада. Сите заборавија што има направено.

Reply

Остави Коментар

nineteen + 3 =

Прочитај повеќе

Курти сѐ уште е оптимист дека ќе има договор за формирање влада на Косово

Слободен печат

Бразил: Сменет министерот кој во говор го цитираше Јозеф Гебелс

Слободен печат

Поголема група мигранти од Средна Америка се движат кон САД

Слободен Печат

Ирански генерал доби санкции од САД

Слободен Печат

Ликвидација во Белград: Застрелан маж додека со сопругата го чекал детето пред училиште

Слободен печат

Словенија повлече шест и пол тони унгарско мисиркино месо поради птичји грип

Слободен Печат