Османи: Денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформи

Заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Омсани, на својот Фејсбук профил напиша дека е свесен дека изминативе неколку дена секој од нас, на одреден начин, е под притисок на измешани чувства – на исчекување и надеж, но и на чувство на немир и тензија, поради неизвесноста која се случува во Брисел изминативе два дена.

„Сакам да ве уверам дека на овој пат навистина направивме многу; направивме буквално сѐ што е во наша моќ и тоа ни го признаваат сите, буквално сите политички центри на моќ го признаваат напредокот на земјава. Од реформи со кои ја вративме довербата на граѓаните во институциите, до зрели политички компромиси со кои создадовме земја опкружена со соседи – пријатели. И не е дека овој резултат не беше вреднуван. Стануваме 30та членка на НАТО – нашата најважна гаранција за стабилна и безбедна иднина; но минавме и во нова фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ со која институционално се поврзуваме со Унијата; го започнавме набљудувачкиот скрининг, а станавме и членки на Јадранско–Јонската група земји. Едноставно како земја навистина се вративме на евроатланскиот пат во најширока смисла на зборот“, напиша Бујар Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот