ОСМАНИ ДА РЕШИ ШТО Е: Дали е вицепремиер или оџа?

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и вицепремиер Бујар Османи, денеска остварил средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која меѓу другото, се разговарало и за настаните во Исламската верска заедница.

Во соопштението испратено до медиумите вицепремиерот вели „упадот во ИЗВ е срамен чин, кој негативно ќе влијае врз меѓуетничките односи“.

„Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и очекувам од Владата, но и од останатите институции да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ“, се наведува во изјавата на Османи.

Тој додава и дека „во моментов меѓуетничките односи се стабилни и цврсти, и на тоа сме особено горди, но тоа не е нешто што треба да се зема здраво за готово, туку напротив, мораме активно да работиме на нивното одржување“.

„Слободен печат“ го праша Османи зошто настаните во ИЗВ биле тема на разговор со високиот претставник на ОБСЕ, кога тој е дел од влада во секуларна држава, на што тој ни одговори:

– Должност на Владата е да ја штити уставно загарантираната автонимија на верските заедници.

На потпрашањето зошто тогаш актуелното раководство на ИЗВ ја обвини владата за организирање на упадот, Османи не ни одговори.

Настаните во ИЗВ вчера за ДУИ беа главна тема на собраниската седница. Пратениците Артан Груби и Ејуп Алими рекоа дека настанот со ИВЗ е скандалозен и обвинија за селективна правда во овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот