Османи: Централниот кризен штаб дискутираше за измена на полицискиот час од 19 до 05 часот

Бујар Османи / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

По појава на корона вирусот во Северна Македонија, првично полицискиот час почна да се применува од 21:00 до 05:00 часот, односно оваа одлука траеше неколку дена и потоа беше заменета со времетрање на полицискиот час од 16:00 до 05:00 часот.

Воедно од Владата на неколку наврати информираа дека се изготвува сериозен план за олеснување на рестриктивните мерки по 1 мај.

Се прави сериозен план за олеснување на мерките по 1 Мај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот