Османи- Цакај: Немаме отворени политички прашања, следниот период фокус на конкретни проекти

Фото: МИА

Двете држави, како што истакнаа министрите, работат и на операционализацијата на одлуката на Европскиот совет за пристапување кон Европската унија.

Нема отворени политички прашања меѓу Северна Македонија и Албанија, но двете држави треба да работат на интензивирање на економската соработка и на реализација на конкретни проекти, констатираа министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Гент Цакар денеска во Скопје.

Договорено е да се формира технички секретаријат кој ќе биде институционална гаранција за имплементација на сите договори меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите на следната средба да биде развојот на конкретните проекти.

Заеднички констатиравме дека треба да создадеме механизми за следење на договорите што се потпишани во рамки на меѓувладината комисија и одличните односи што ги имаме со Република Албанија, да ги конкретизираме во конкретни проекти во интерес на граѓаните – истакна Османи по средбата со Цакај.

Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Албанија оцени дека треба да се зачува позитивниот моментум меѓу двете држави и фокусот да се стави на имплементација на конкретни проекти.

– Немаме отворени прашања, но тоа не значи дека немаме заеднички проекти. Се договоривме на следната средба да се фокусираме на развојот на конкретни проекти особено на проектот за изградба на патот на Арбр, линијата за интерконеција Битола-Елбасан и зачувувањето на биодизерзитетот на Охридското езеро – рече Цакај.

Цакај изрази задоволство што првпат Албанец во Северна Македонија е назначен за шеф на дипломатијата што, според него, не е само зајакнување на албанскиот фактор во земјата, туку и придонес на патот на земјата кон Европската унија.

Двете држави, како што истакнаа министрите, работат и на операционализацијата на одлуката на Европскиот совет за пристапување кон Европската унија.

На средбата станало збор и регионалните прашања и регионалните предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот