Османи: Бугарија го призна нашето право на самоопределување!

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Според она што може да се заклучи од одговорите на евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, договор меѓу амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел за преговарачката рамка за Македонија не бил постигнат и покрај пишувањата на „Политико“ за т.н. бугарски компромис.

Софија ќе признае македонски јазик и идентитет ако Скопје признае бугарски темели на јазикот и идентитетот

– Треба се уште да се дискутира за преговарачката рамка. Сепак се надевам дека до крајот на годината ќе се одржи првата Меѓувладината конференција, истакна евроамбасадорот Гир.

Прашан од новинарите дали Македонија е подготвена за т.н. бугарски компромис, преку кој би се дало зелено светло за отпочнување на пристапните преговори, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека пристапот на Софија, кој предвидува дека постојат македонски идентитет и јазик, но се темелат на бугарски корени, не е нов.

–  Ова не е нов пристап и поглед на Бугарија како да се реши отвореното прашање. Ние не сме дел од дебатата која се одвива во Брисел. Политичарите не можат со декрет да ги решат историските прашања. Сепак, вака Бугарија ги охрабрува Комисиите да продолжат да трагаат по решение, признавајќи го нашето право на самоопределување, одговори Османи.

Од друга страна, евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е модус за напредок и е важно и двете страни да го спроведуваат.

Бујар Османи, пак, додаде дека новоформираните работни групи кои го преразгледуваат Договорот веќе имаат исчекори во насока на надминување на различните очекувања од потпишаното и најави средба во Софија со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот