Ослободителна пресуда бара одбраната на обвинетиот Трајковски од „Шамарите од Центар“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешното рочиште на процесот познат во јавноста како „Шамарите од Центар“ завршни зборови даде и одбраната на обвинетиот Александар Трајковски. Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Трајковски, во судница пушти неколку видеа од протестите на „Шарената револуција“.

– Може да видите како се оштетува канцеларијата и зградите, како се навредуваат случајни минувачи и полицијата, но обвиненијата за сите се за учество во толпа, а не за насилство – изјави Страшевски.

Обвинителството рече адвокатот Страшевски не го докажало во кривичното делото „насилство“ и побара неговиот клиент да биде ослободен.

Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, рече дека целото дело се докажува само со еден разговор што е нелегално прибавен и го оспоруваме.

– Помилувањето за ова дело за Никола Груевски не може да се отповика. Таа постоела во моментот на покревање на ова обвинение и судот не смеел да го прифати – рече адвокатот на Груевски.

На денешното рочиште обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението во овој предмет против Даниела Рангелова и двајца учесници во протестите пред Општина Центар.

Заедно со Груевски и Јанакиески во овој случајот останаа обвинети се уште пет директни учесници.

Фетаи за четворица од нив побара затворска казна, додека за еден условна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот