Ослободете се од НЕСРЕЌА И НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА: Ритуал кој ја ЧИСТИ ДУШАТА и го ослободува телото од ЗЛИТЕ НАМЕРИ на другите луѓе!
Доколку чувствувате дека на вас нешто ви се случува, дека ве притискаат тешки мисли, а депресијата навира, обидете се со овој ритуал кој се пренесува од колено на колено.
Солта е многу моќно средство за чистење. Акумулирана во цревата на Земјата, солта носи силен позитивен набој кој е во состојба да ја апсорбира сета негативна енергија.
Затоа уште многу одамна солта се користи во разни прочистувања. Ова би требало да ви помогне да ја „исфрлите“ негативната енергија од себе.
За чистење на негативната енергија, потребно ви е:
1.Еден леген
2. Сол (1 пакување)
3. Најмалку 15 минути слободно време.
Ритуалот за прочистување се изведува на следниот начин:
Во легенот сипете ја солта, соблечете се боси и со нозете газете 15 минути по солта. Замислувајте како негативната енергија излегува од вас. Замислувајте како победувате болест, своите непријатели, како ги решавате проблемите…
Ослободете ги своите емоции. Слободно плачете, доколку ви се плаче. После тоа внимателно отстранете ја солта од стапалата и измијте ги нозете. Водата во која сте ги измиле, како и солта по која сте газеле, фрлете ги во вц школката, па пуштете вода.
Овој ритуал се изведува 21 ден по ред. Потоа, според верувањата, сета негативна енергија и несреќа ќе ве напуштат.