Фото: Arco Images GmbH / Alamy / Profimedia

Ослободете се од глувците на еколошки начин: Еден зеленчук се покажа како најефикасен

Глувците се чест проблем во градините и како и сите животни, тие се собираат во области кои им обезбедуваат атрактивна средина. Џули Финч, членка на популарната страница на Фејсбук „Совети за градинарство“, го сподели своето искуство со глувците во градината.

Таа објасни како да ги држите глувците подаелку од вашата градина, со оглед дека повремено се јавуваат и во нејзината, а најмногу затоа што има четири зајаци, пишува „Мирор“.

Имено, Џули откри неочекуван, но ефикасен начин да ги одврати стаорците. Потребен ви е кромид.

„Овој пат користев сечкан кромид (слушнав дека не можат да го поднесат) и беше ефикасен“, рекла таа.

Џули детално го објаснила својот метод: „Ставив сечкан кромид во дупката за стаорци и го покрив со земја. Следното утро се појави нова дупка, веројатно затоа што стаорците се обидуваа да излезат. Ова го правев следните два дена, а после тоа немаше повеќе дупки. Никогаш повеќе не ги видов во градината.“

Џордан Фостер, експерт за контрола на штетници, ја поддржува употребата на кромид како средство за спречување стаорци.

„Можете да засадите кромид во градината или едноставно да го ставите на места каде што влегуваат стаорци. Кога ќе го помирисаат, тие ќе си заминат бидејќи мирисот им е одвратен“, објаснил тој.

За градинарите кои сакаат да го пробаат овој метод, Џордан им препорачал редовно менување на кромидот на секои неколку дена бидејќи со текот на времето тој скапува. Тој, исто така, советува да се засади мешавина од кромид, лук и праз за природно да се одвратат стаорците и другите штетници. Кромидот е лесно да се најде и не е скап во повеќето продавници. Сепак, Џордан предупреди дека кромидот може да биде опасен за домашните миленици, особено за кучињата, затоа треба да се внимава.

Покрај кромидот, уште една пречка за стаорци е маслото од нане. Џордан истакна дека стаорците не можат да го поднесат мирисот на нане, а нането може да се засади во градината како долгорочно решение бидејќи тие повторно растат секоја пролет. Друг ефикасен метод е да натопите памук во масло од нане и да го ставите во дупки што ги користат стаорците, но треба да се менува на секои неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот