Ослободениот руски новинар низ солзи се заблагодари за поддршката

Фото: EPA

Рускиот новинар Иван Голунов низ солзи се заблагодари за поддршката, откако беше ослободен од судското обвинение против него за криумчарење на дрога и пуштен од притвор.

– Ви благодарам за поддршката. Ќе продолжам да работам и да истражувам – рече 36-годишниот новинар, видно потресен, обраќајќи им се на десетиците новинар и симпатизери, кои при вчерашното ослободување го дочекале со аплауз, пренесуваат руските медиуми.

Руските власти вчера ги отфрлија обвиненијата за продажба на дроги против истражувачкиот новинар Иван Голунов, откако беа изложени на притисок од јавноста и новинарската фела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот