Ослободен со кауција Борис Мазо, осомничен за перење пари

Фото: МИА

Виенскиот регионален кривичен суд го ослободи поранешниот официјален претставник на руското Министерство за култура, Борис Мазо со кауција од 25.000 евра, забранувајќи му да ја напушти Австрија.

– Лицето е пуштено со кауција од 25.000 евра и забрането му е да ја напушти Австрија. Тој мора да остане на виенската адреса, каде што е регистриран и по потреба да се појави на суд- истакна извор од виенското обвинителство, додавајќи дека Австрија го притворила поранешниот руски претставник на барање на Шпанија.

Шпанската полиција претходно соопшти дека Мазо е приведен во Австрија, додека неговата поранешна сопруга и синот, двајцата руски државјани, се уапсени во Шпанија, кои се сомничат за перење пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот