Ослободен Чан: Дали е овој крај на протестот во Хонг Конг?

фото: EPA/JEROME FAVRE

Властите во Хонг Конг го ослободија осомничениот за убиство, чиј случај доведе до планови за промена на Законот за екстрадиција, што дополнително поттикна масовни протести во градот.

Како што пренесува „ВВС“, Чан Тонг Каи бил обвинет за убиството на својата бремена девојка во Тајван минатата година и избегал во Хонг Конг. Тој заврши во затвор за перење пари откако повлече пари од нејзината кредитна картичка, а допрва треба да му се суди за убиство.

Но, Хонг Конг и Кина немаат договор за екстрадиција и случајот на Чан беше спомнат кога владата предложи измена на Законот. Откако беше ослободен денес по 19 месеци затвор, Чан (20) се извини на семејството на жртвата и рече дека е подготвен да се предаде на самите тајвански власти. Хонг Конг и Тајпеј се судрија околу трансферот на Чан за да се соочат со обвиненија, а не е јасно што ќе се случи следно.

Иако властите во Хонг Конг изјавија дека Чан е слободен да оди во Тајван и да се предаде, тамошните власти сакаат да ја испратат полицијата за да го придружува, што Хонг Конг го одби предлогот.

Предложениот Закон за екстрадиција ќе му овозможи на Хонг Конг да ги екстрадира осомничените на места без договор за екстрадиција, вклучително и Кина, Тајван и Макао. Критичарите на законот стравуваат дека законот ќе ги приведе луѓето на произволен притвор и неправедно судење.

Контроверзниот предлог-закон се очекува да биде официјално повлечен денес, на второ читање во парламентот. Официјалното повлекување може да се случи само откако парламентот ќе ја продолжи работата во октомври, објаснува „ВВС“.

Откако масовните протести го зафатија градот, владата го суспендираше законот во јули. Иако протестите избувнаа заради законот, тие подоцна се проширија во едно продемократско движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот