Oслабнете лесно: Овошје кое невидливо го забрзува метаболизмот

Ако сакате да ја намалите тежината, а немате време за тешки вежби и исцрпувачки диети, нема проблем. Можете да ослабнете вложувајќи во вистинското овошје.

Секојдневното консумирање свежо овошје гарантира симнување на вишокот килорами и тоа побрзо отколку што сте претпоставувале. Слабеењето со овошје не ве обврзува да се ограничувате. Овие вкусни дарови од природата го намалуваат апетитот.

Овошјето е посебно важно и неопходно за подобар метаболизам. Некои плодови во составот имаат многу важни антиоксиданси кои ја забрзуваат размената на материите и го регулираат системот за варење, подобрувајќи ја неговата работа. Консумирањето овошје го запира задржувањето вишок течности и го детоксицира организмот.

Сите благодети карактеристични за овошјето, важни се за процесот на слабеење. Еве кои се петте најмоќни активатори на метаболизмот. unsplash

Портокали

Познати како најдобрите цитурсни плодови за слабеење, содржат малку калории, а многу корисни материи. Тие го намалуваат апетитот, особено потребата за благо. Нивната редовна конзумација го хидрира телото и ја оптимизира работата на системот за варење, што е најважно при слабеење. Добро е познато дека содржат витамин Ц, кој има антиоксидативно дејство, така што само еден портокал дневно му обезбедува на организмот 116,2% од неопходната дневна доза на витамин Ц.  Освен во свежа состојба, портокалите можете да ги консумирате како свежо цеден сок. Сокот од црвени портокали е посебно добар во намалувањето вишокот килограми, како и спречување да се таложат маснотиите во ткивата.

Фото: Profimedia

Јаболка

Богати со речиси сите можни хранливи материи, тие се познати по високите дози пектин во себе, а тој докажано ја намалува тежината. Вкусните јаболка помагаат во смирување на разни воспаленија во телото, а само здрав организам може да се бори со вишокот тежина. За оптимални резултати можете да си приготвите пијалак од мелени јаболка, цимет и малку вода, изблендирани. Циметот го намалува нивото на шеќер во крвта. Aко се решите да ги консумирате во вид на сок, тогаш подобро е да изберете матен, густ сок, наместо бистар. Сепак максималната корист од јаболката се добива ако се јадат свежи плодовите. Доволно е неделно до три јаболка со средна големина.

Фото: Profimedia

Круши

Малку познат факт е дека крушите се посебно богати со влакна. Тоа ги прави многу заситна храна. Најкорисни се крушите кои не се лупени. Во тоа овошје има два антиоксиданса, особено важни при редуцирање на тежината – катехини и флавоноиди. Тие се способни да ги уништат токсините во телото и да го намалат холестеролот. На долгорочен план нивната консумација го намалува ризикот од развој на дијабетес, кардио-васкуларни болести и ја подобрува работата на дигестивниот систем, а тоа воедно е една од причините за брзо слабеење.

Банани

Богати со растворливи влакна тие можат да заменат еден оброк дневно. Ако ги јадете секој ден, ова овошје ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви помогне да ослабнете. Во бананите има калиум, кој овозможува правилна работа на целиот организам, особено е добар во борбата со висок крвен притисок. Комбинирајте го со парче чоколадо – совршен појадок и начин на опоравување по физичка активност. Бананите се добри и за луѓе кои страдаат од анемија, поради високиот процент на железо, што помага во производство на хемоглобин во крвта.

unsplash

Кокосов орев

Кокосовото масло заедно со целиот плод и водата помага во процесот на елиминација на вишокот маснотии. Тие се еден одличен додаток во сите здрави и диетални начини на исхрана. Мастите од кокосовото масло не се штетни, дури напротив, треба да се користат во комбинација со друга храна, за да се ослободите од вишокот килограми. Кокосовото млеко докажано му помага на организмот да го апсорбира калциумот, па лекарите го препорачуваат за профилакса при остепороза и зацврстување на коските и забите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот