Ослабени во Тбилиси: Велкоски и Ристевски позитивни на ковид-19, Барди повреден!

фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски се соочува со проблеми пред мечот на годината, најважниот за пласман на Европското првенство.

На последното тестирање, позитивни резултати на ковид-19 добија одбранбениот играч Кире Ристевски и напаѓачот Крсте Велковски.

А покрај нив двајца против Грузијците нема да игра и членот на шпанскиот клуб Леванте, Енис Барди. Тој има интервертербтален дискус со мускулен спазам (повреда на рбетот) .

Оваа информација ја потврдија и шпанските медиуми, па така тој ќе се врати во Валенсија на дополнителни прегледи.

Претходно од списокот на Ангеловски отпадна уште едно име поради ковид-19, чуварот на мрежата Даниел Божиновски. За Тбилиси отпатува и Аријан Адеми, но неговиот настап е неизвесен. Фудбалерот на Динамо Загреб се жали на болки во бутниот мускул, но затоа е повикан Енур Тотре од Шкендија.

ВИДЕО+ФОТО: Со среќа момци, срце на терен и борба до крај за Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот