Осквернавен гроб во долнорекнаското село Требиште

Маж плаче по свој близок кој починал од ковид-19 на гробиштата Кампо де Есперанса во Бразилиа / 21 мај 2020, Бразил / Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Непознати сторители минатата недела оштетиле гроб што се наоѓа во дворот на црквата во селото Требиште, општина Маврово Ростуше. Не се познати мотивите за ваквиот чин и колкава штета е причинета.

Од СВР Тетово информираат дека вчера бил пријавен случајот. Од првичните сознанија, во периодот помеѓу втори и деветти мај годинава засега непознати сторители извршиле сквернавање на гроб во дворот на црквата „Свети Ахил Лерински”.

По пријавата, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се работи на расчистување на настанот, а целиот случај е документиран, посочуваат од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот