Оскаровецот силувал 14 годишно девојче: Жртвата извикувала „Многу е болно, те молам престани“

Американскиот актер и режисер Тимоти Хатон (59) е обвинет за силување од страна на поранешниот канадски модел Сера Џонстон, пишуваат странските медиуми.

Сера, која сега има 50 години, изјавила дека актерот сексуално ја злоставувал кога таа имала 14 години, а наводниот напад се случил откако таа била измамена до неговата хотелска соба кога влегол и негов пријател, во Ванкувер, Канада, додека го снимал филмот „Ајсмен“, во 1983 година.

Кога Тимоти се приближил на Сара и нејзиното друштво додека седеле во ресторан, биле изненадени и среќни. „А како да не бидеш среќен“ вели Сера, кога во тој момент ѝ се обратил идол и добитник на Оскар, млад и успешен човек кој имал достигнувања за кои таа мечтаела во својата блиска иднина.

Тимоти и пријателите им понудиле и пијалак на Сера и нејзиното друштво, но таа набрзо сфатила дека нешто не е во ред. Актерот почнал да и се доближува, па да и ги гали нозете, по што помислила: „Ова не е добро, нема да биде добро“.

Сера тврди дека Тимоти ја навел да оди во хотелската соба со него, а штом отишле ја прашал дали имала сексуални односи претходно во животот. Тогаш негов пријател влегол во собата. Сера вели дека повеќепати ги замолила мажите да ја напуштат просторијата, на што тие одбиле со „Ќе биде во ред, ќе биде во ред – Нема да трае долго и ќе бидеш добро.“

Тогаш Тимоти и рекол дека ќе тоа што ќе се случува ќе и се допадне, а дека неговиот пријател ќе гледа. Ја соблекол својата облека и физички ја нападнал. Сера се обидувала да го спречи и извикувала „Те молам не го прави ова. Не можам!“, но сепак ја силувал, што било екстремно болно и ужасно искуство за неа, што ја прогонувало цел живот. Истакнува дека за време на насилниот чин, пријателот на Тимоти агресивно и го вметнал пенисот во уста. Тимоти му рекол да престане и да се тргне, но тогаш пријателот „се занел“, и како што опишува Сера, Тимоти му дозволил да продолжи да ја силува.

„Беше многу болно. Ужасно болно. Не сакаше да прстане. Застрашувачки“ – сведочи Сера.

За да ја поддржат Сера, интернет платформата BuzzFeed реализира интервјуа со шест луѓе кои низ годините ја слушнале истата приказна, дека била силувана од Тимоти Хатон и негов пријател. Меѓу тие луѓе имало и пријателка која била присутна со неа ноќта кога била силувана и има писмена изјава под заклетва дека ја зборува вистината. Нејзината мајка тврди дека низ годините и недостасувало храброст да пријави во полицијата, бидејќи се плашела за кариерата на својата ќерка, бидејќи таков скандал би ја „отпишал“ од сè.

Според адвокатот на Сера, во моментов се истражуваат нејзините обвинувања од страна на органите.

Што се однесува до адвокатите на Тимоти Хатон, преку писмо од 91 страна се обидуваат да објаснат зошто приказната на Сера Џонстон е лажна, и како таа се обидува „да извлече пари“ од актерот.

Sera Johnston, now 50, made the bombshell claim in a Buzzfeed News report

Сера не преземала никакви правни активности сè до 2017 година, во екот на движењето #MeToo.

Таа истакува дека не се огласила дотогаш бидејќи сметала дека никој нема да ѝ верува.

Сера ангажира адвокат кој ќе бара спогодба во износ од 1,5 милиони долари од Хатон, а странките постигнале договор вреден 135.000 американски долари, пред Сера Џонсон да се повлече.

Инаку, Тимоти Хатон е добитник на Оскар за најдобар актер во филмот „Обични луѓе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот