Оскаровецот Карл Малден, миленикот на Холивуд: Малкумина знаат дека неговото вистинско име е Младен Секуловиќ

Instagram
Instagram

Славниот актер Карл Малден го освоил Оскарот како негативец во филмот „A Streetcar Named Desire“. Во далечната 1951 година, глумејќи рамо до рамо со славниот Марлон Брандо.

Покрај Оскарите, Малден ја добил и наградата за животно дело од Американското здружение на актери, која му била врачена од страна на Мајкл Даглас на 11 ноември 2004 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hamilton (@sebastian_cinephile)


Починал на 97 годишна возраст, а неговото вистинско име било Младен Секуловиќ, кој важел за еден од најпознатите „шармери“ на стариот Холивуд, познат под псевдонимот Карл Малден.

Таткото на Малден, Петар Секуловиќ, го напуштил родното Пододоје во близина на Билеша и решил да го продолжи животот во Чикаго во потрага по работа. Малден е роден таму, како најстар од тројцата браќа. Негова мајка била Мини Секуловиќ, по потекло од Чешка, вработена во текстилната индустрија.

Карл зборувал на српски уште од рана возраст. Бил среќен кога зборувал за своето минато и потекло. Секогаш кажувал како неговиот татко му овозможил иднина со напорна работи во фабриката за челик во Гери, во која потоа и самиот Малден работел.

И покрај неговата напорна работа, неговиот татко го основал најстарото пејачко друштво во Америка. Така Малден се запознал со српската култура и обичаи уште од рана возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nostalgia Time (@retro_nostalgia217)


Малден, тогаш сѐ уште познат како Младен Секуловиќ, ја напуштил фабриката за челик во 1934 година за да стане дел од театарската група во театарот „Гудман“ во Чикаго. По совет на неговите најблиски колеги во театарот, тој потоа го променил името во Карл Малден.

Само три години подоцна, во 1937 година, Карл отпатувал за Њујорк каде и ги остварува своите први улоги како млад надежен актер во театарот Бродвеј. Бил и кратко ангажиран на радио, а потоа добил улога во неговиот прв филм „Тие знаеја што сакаат“, кој е малку познат за филмската публика. Потоа се приклучил како редовен член на театарот, каде се сретна со режисерот Илија Казан, во чии филмови се здоби со популарност.

Учествувал во Втората светска војна, а потоа доби мала улога во претставата и филмот на американската армија „Winged Victory“.

По завршувањето на војната, тој доби уште една мала улога во претставата „Truckline Cafe“, со дотогаш непознатиот Марлон Брандо.


Карл Малден го постигнал својот најголем успех глумејќи во филмови во режија на Илија Казан. Во филмот „A Streetcar Named Desire“, тој го игра Мич, најдобриот пријател на Стенли Ковалски (Марлон Брандо), кој се вљубува во Бланш Дебоис (Вивиен Ли).

Тој филм му донесе Оскар за најдобра споредна машка улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот