Оскаровецот Хоакин Феникс го очекува своето прво дете!

Хоакин Феникс / Фото: Instagram

Оваа година дефинитивно е една од најдобрите за Хоакин Феникс, актерот кој оваа година освои Оскар за најдобра главна улога во филмот „Joker“. Освен тоа што го доби ова огромно признание, како што велат странските медиуми, тој наскоро ќе стане и татко.

Всушност, Феникс и неговата партнерка, популарната актерка Руни Мара од „Girl with the Dragon tattoo“, го чекаат своето прво дете. Според медиумите Руни е во 5-от месец од бременоста.

Инстаграм

Парот е веќе 3 години во врска, а се запознале на снимање на еден филм. Интересно е тоа што Феникс бил убеден дека актерката го презира, а потоа сфатил дека всушност многу ѝ се допаѓа, но таа е само срамежлива. Феникс изјавил дека таа е единствената девојка која ја „истражувал на интернетот“.

Инстаграм

Хоакин Феникс имал многу тежок живот, просел за да заработи, го изгубил братот, прочуениот актер Ривер Феникс, бил дел од секта и многу други работи. Меѓутоа, денес постигна извонреден успех и живее среќен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот