Оскаровецот се изјасни за виновен за сексуално вознемирување

Куба Гудинг Џуниор
Куба Гудинг Џуниор / Фото: EPA-EFE

Оскаровецот Куба Гудинг Џуниор се изјасни за виновен за сексуално вознемирување во ноќен клуб во Њујорк, пренесуваат странските медиуми.

Актерот вчера пред судот се изјасни за виновен за обвинението дека допирал жени против нивна волја. Во долготрајната кривична постапка, тој беше обвинет за злоставување на три жени во периодот од 2018 до 2019 година на Менхетен.

Куба Гудинг Џуниор
Куба Гудинг Џуниор / Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Признавањето вина доаѓа речиси три години по неговото апсење во јуни 2019 година, кога една жена тврдеше дека ѝ ги „грабнал“ градите без нејзина согласност во ноќниот бар „Magic Hour Rooftop Bar & Lounge“ во близина на Тајмс Сквер. Неколку месеци подоцна, се појавија повеќе жени кои го обвинија за вознемирување.

Куба Гудинг Џуниор
Куба Гудинг Џуниор / Фото: EPA-EFE/Jefferson Siegel /

Досега тој се изјасни за виновен по една точка од обвиненијата

Новите обвиненија вклучуваат сексуално вознемирување и допирање жени на непристоен начин во ноќниот клуб „LAVO“ во Њујорк и фаќање келнерка за задникот во клубот „TAO Downtown“, по што следел и несоодветен коментар. Актерот се изјасни за виновен по обвиненијата поврзани со клубот „LAVO“.

Неговиот случај во судот беше одложуван неколку пати, особено во време на пандемија кога повеќето судски процеси се одложуваа. Куба исто така беше обвинет од една жена дека двапати ја силувал во хотелска соба во Њујорк во 2013 година, но адвокатот на холивудскиот актер остро ги отфрли овие обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот