Осите се скапоцени и се многу корисни за човекот, тие не се бесмислени инсекти – велат научниците

pexels

За оние кои некогаш се запрашале која е улогата на осите, сега постои сеопфатен одговор. Тие се незаситни предатори за штетните инсекти, произведуваат моќни антибиотици во нивниот отров, опрашуваат растенија и многу повеќе…

Студија спроведена пред неколку години покажа дека осите се способни за расудување и логика, додека новите истражувања пак, покажуваат дека осите се корисни и за човештвото, пишува „The Guardian“.

pexels

Кога ќе им кажам на луѓето дека ги проучувам осите, тие се незаинтересирани и сметаат дека овие инсекти немаат никаква цел. Сепак, истражувањата покажуваат дека се многу корисни. Јасно е дека имаме различни емотивни врски со осите и пчелите, живееме со пчели во хармонија веќе подолго време, некои видови сме ги припитомиле, но врската помеѓу луѓето и осите е често непријатна бидејќи тие знаат да расипат излети и прават гнезда во нашите домови. Сепак, треба да ја надминеме негативната слика за осите и да ги заштитиме, бидејќи тие обезбедуваат заштита на животната средина на нашата планета. Нивниот број се намалува, а истото се случува и со пчелите… Светот не смее да си го дозволи тоа“, вели Серијан Самнер, професорка на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Осите можат да се користат за контрола и уништување на штетниците без потреба од употреба на инсектициди, тие се корисни за опрашување, а нивниот отров може да се користи во медицински истражувања за лекување на болести како рак.

pexels

Исклучително е важно да ја разбереме важноста на осите во нашите екосистеми, и да направиме сè за нивната популација да не продолжи да опаѓа.

Самнер тврди дека осите доаѓаат во контакт со најмалку 960 растителни видови, а 164 видови, вклучувајќи ги и орхидеите, кои се целосно зависни од осите кога станува збор за опрашување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот