Оштетените штедачи: 780 семејства моментално зависат од систем кој не успеал да ги заштити од нечесните намери на група манипулатори

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Изминативе денови од црната за нас среда се изнаслушавме како банкарскиот систем е стабилен и како сите процедури се во функција на заштита на капиталот на граѓаните. Дали и после неколку години од овој наш случај, кога повторно на наше место ќе се најдат граѓани кои исто така не ќе можат да си ги земаат своите тешко спечалени пари, повторно ќе се збори за стабилноста на истиот тој систем којшто неколку пати не успева да ги заштити депонентите на една банка, наведуваат во соопштение 780 оштетени штедачи кои имаа пари во сега пропаднатата Еуростандард банка.

-За да функционира една пазарна економија некој треба да остави капитал за од истиот се даде преку форма на кредит на оној на кого му е потребен, и цел тој процес да биде контролиран од една институција која треба да работи во интерес на двете страни. Впрочем на тоа се заснова и нашиот банкарски систем кој се одржува на грбот на доверители кои штедат 4.4 Милјарди евра вкупно. Ќе излезе ли таа иста банка-институција со план како од вкупни 4.6 Милјарди евра во депозити (од кои 3.3 Милјарди се осигурени) со механизам на заштита на капиталот на депонентите врз чиј грб функционира цел тој систем. Сега е моментот да се покаже на дело таа иста институција дека навистина работи во интерес на сите вклучени во банкарскиот систем и да пронајде начин како да се обештетат сите депоненти на една банка која затаила во  оперативните процедури кои се контролирани од таа иста банка-институција- стои во соопштението од штедачите.

Зарем не треба да постојат мехнизми за заштита и информирање на депоненти на една банка која не оперира по зададени стандарди и процедури!?, запрашуваат оттаму.

Штедачите од Еуростандард банка молат за помош

-Напротив, постојат процедури каде за неплатен долг по било кој основ и кој износ, или рата од кредит преку извршители истиот се наплаќа експресно, а ист таков ефикасен механизам кога се работи за подигање на депонирани пари не постои. Ние сметаме дека ова што се случува и ќе се случува со нас во наредниот период ке биде сериозен тест за овој банкарски систем во кој за жал депонентот кој е клучот за опстојување на истиот е заштитен делумно колку да се рече дека е заштитен. 780 семејства моментално зависат од систем кој не успеал да ги заштити од нечесните намери на група манипулатори кои со своите нечесни намери им пресудија на здравјето, довербата и мирот на тие 780 семејства како и на голем број на правни субјекти чиишто средства се блокирани во банката и неможат да ги користат, а опстанокот на фирмите и вработените им зависи од тие средства- стои во соопштението.

Во наредниот период, велат оттаму здружението на 780те штедачи ќе поднесе барање до сите релевантни институции да биде замрзнат имотот на сите лица вклучени во пропаѓањето на Еуростандард банка.
https://www.slobodenpecat.mk/deponentite-vo-eurostandard-banka-ke-se-obesshtetuvaat-preku-stopanska-komerczijalna-nlb-i-halk-banka/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот