Оштетени штедачи: Фирма на Игор Џамбазов земала неповратен кредит од Еуростандард банка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фирмата Брачна игра дооел, во сопственост и управување на Игор Џамбазов, познат шоумен во државата, е една од фирмите кои земале нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма нема платено ниту една рата 469 дена пред затворањето на банката, односно од 2019 година, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.

Според билансите на фирмата, во годината кога е земен кредитот, фирмата немала ни приходи. Основана е во мај 2016 година, без вработени, со седиште во општина Карпош во Скопје и непаричен влог од 5 илјади евра. Во изминатите години од нејзиното основање, фирмата плива во долгови, со задолженост од околу 120 отсто. Без приходи, со меница како единствено обезбедување за земениот кредит, оваа фирма е сега кандидат за затворање како деловно неактивна, стои во информацијата.

Џамбазов, ја искористил својата фирма за да му биде одобрен ненаплатлив кредит, веројатно договорен со некој од раководните лица од Еуростандард банка, за да не го врати. Како е можно фирмата на овој шоумен да добие кредит само на основа на обична меница, а истата да биде презадолжена уште кога е основана, а уште повеќе и без приходи во годината кога ѝ е доделен кредитот!? Даден кредит што не може да се наплати од фирмата поради тоа што нема ни од што. Затоа, и овој наш шоумен, како и останатите сопственици на 148 фирми од извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, ќе мора да сносат одговорност за нивното помагање и соучество во овој организиран криминал и висока корупција“, велат оштетените штедачи.

Според нив вакви и слични криминални стории за Еуростандард банка има многу. Избрани фирми што земале кредити и не платиле ниту една рата со години.

Оваа кражба остави преку 3.000 семејства без нивните лични средства во сред пандемија и тешка економска криза“, соопштуваат од Оштетени штедачи.

„Изминатиов период од кога почнавме јавно да го споделуваме криминалот направен преку давање кредити без почитување на кредитна политика на Еуростандард банка и воедно толерирањето на истото од страна на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзините ревизори, поранешниот сопственик Трифун Костовски комплетно се повлече и не излезе со ниту една реакција во врска со фактите коишто ги изнесовме во соопштенијата. Баш напротив, тој преку социјалните мрежи користејќи ги своите пријатели кои често се и јавни личности, преку споделување на текстови за негова поддршка како е тој прекрасен човек, филантроп и џентлмен, се обидува да ја прикрие вистината и фактите кои говорат каков човек е тој всушност“, реагираат оштетените штедачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот