Оштетени икони и украдени предмети во црквата Свети Георгиј во Мала Речица

Во тетовската полиција вчера е пријавено дека во црквата Свети Георгиј Победоносец во Мала Речица е извршена кражба и оштетувања на иконите.

– На 21 февруари во 10 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека во периодот од 14 до 21 февруари годинава непознати сторители со употреба на сила влегле во црквата „Свети Ѓорѓија Победеносец” во тетовска Мала Речица, при што оштетиле икони и одзеле неколку предмети. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Овој верски објект беше целосно изгорен во 2001 година, а повторно изграден 10 години подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот