Оштетени автобуска, штаб и контејнери во Драчево, скопјанец пишувал политички пораки

Полиција / Фото: МВР

Уапсен е млад скопјанец кој вчера со спреј оштетил повеќе објекти во Драчево. Полицијата го затекнала како уништувал дел од објектите и на нив испишувал број “7”. Ова се случувало еден час по полноќ.

„Околу 01.30 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(25) од Скопје затоа што бил затекнат како на трафостаница лепи плакати од политичка партија и со спреј пишува на штаб на политичка партија. Тој бил приведен во полициска станица и му бил одземен спрејот со кој пишувал“, велат од МВР.

Полицијата против него ќе поведе постапка.

Видео на денот