Осака со пресврт во второто коло на Ролан Гарос

фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Првата тенисерка на ВТА ранг листата, Наоми Осака обезбеди пласман во второто коло на Ролан Гарос откако со голем пресврт успеа да ја победи Ана Каролина Шмидлова и тоа со 0:6,7:6,6:1.

Шмидлова првиот сет го реши во своја корист за само 22 минути и тоа со максимални 6:0, додека во вториот сет имаше имаше и меч топка но не успеа да ја победи младата јапонска тенисерка. Осака успеа да го добие вториот сет во тај брејк, а во третиот, на доминантен начин со 6:1 ја завери победата и пласманот во второто коло.

Проблеми на терените во Ролан Гарос имаше и третата носителка, Симона Халеп на која и требаа три сета за победа над Аља Томјановиќ. Халеп првиот сет го реши во своја корист со 6:2 за само 29 минути, за во вториот Томјановиќ да возврати со 3:6 но не успеа да го задржи ритамот и во одлучувачкиот трет сет (6:1) и мораше да и честита на Романката за победата.

И кај мажите, еден од фаворитите мораше да игра одлучувачки сет. Петтиот носител, Александар Зверев се мачеше со Џон Милман но на крајот победи со 3:2 во сетови и тоа со 7:6,6:3,2:6,6:7,6:3.

Останатите фаворити како Хуан Мартин дел Потро, Роберто Батуитиста Агут, Карен Качанов и Дабио Фонињи имаа сигурен настап на стартот од Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот