Осака рутински во четвртфиналето, најдобар пласман на Чориќ на грен слем турнирите
Бурниот ден на УС Опен кој помина во знакот на дисквалификациијата на Новак Ѓоковиќ, Наоми Осака во последниот дуел во женска конкуренција со 6:3,6:4 ја елиминира Анет Контевеит и обезбеди пласман во четвртфиналето.
Во првиот сет, Осака уште во првиот гем го одзеде сервисот на противничката и во крајот на сетот не и дозволи на Кентевиет да се врати во игра. Подобрата игра игра Осака ја потврди со уште еден брејк за водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет, Контевеит прикажа подобра игра, но сепак како победник излезе грен слем шампионката. На Осака и беше доволен само еден брејк и тоа во последниот 10. гем од мечот.
За место во полуфиналето, Осака ќе игра против Шелби Роџерс која беше поуспешна од Петра Квитова.
Кај мажите, во последните дуели од осминафиналето, Борна Чориќ во три сета со 7:5,6:1,6:3 го победи Џордан Томпсон и го иствари најголемиот успех на грен слем турнирите.
Негов нареден противник ќе биде Александер Зверев против кого има позитивен скор во меѓусебните и води со 3:1.
Со дисквалификацијата на Ѓоковиќ, на машкиот дел од турнирот се укажа шанса за младите тенисери, а еден од тие кои се надеваат на највисок пласман и борба за трофејот е Денис Шаповалов.
Младиот Канаѓанец обезбеди пласман во четвртфиналето на УС Опен по победата над Давид Гофан со 6:7,6:3,6:4,6:3.Ова ќе биде прво четвртфинале за Шаповалов на еден грен слем турнир, а во него ќе игра против Пабло Карењо Буста кој по дисквалификацијата на Ѓоковиќ одите понатаму.