Осака го пропушта Вимблдон

Наоми Осака/фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека нема да настапи на претстојниот гренд слем турнир Вимблдон поради повреда на ногата.

Таа на својот профил на Твитер објави дека се уште не е целосно опоравена од повредата и поради тоа не сака да ризикува.

Осака уште пред три недели најави дека нема да настапи на Вимблдон по одлуката на АТП и ВТА да не се бодува настапот на престижниот тениски турнир поради суспензијата на руските и белоруските тенисери и тенисерки. Таа тогаш порача дека на сака да игра на „егзибициски турнири“.

Наоми Осака моментно е на 43 место на ВТА ранг-листата, а досега има четири гренд слем титули, на УС Опен победи два пати (2018 и 2020) и два пати на Австралија Опен (2019 и 2021), додека најголем успех на Вимблдон и е пласманот во третото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот