Ортагус: Посветено работиме на заокружување законски трансфер на власта

Стејт департментот е целосно насочен во правец на напорите за постепен и законски трансфер на власта на тимот на избраниот претседател Џо Бајден, чија администрација започнува со работа на 20 јануари, се вели во денешното соопштение на Морган Ортагус, портпаролка на Стејт департментот.

„Ние посветено работиме на заокружување постепен и законски процес на транзиција во наредните осум денови”, се додава во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, наведено е дека тимовите на Стејт департментот и на избраниот претседател изминативе недели се целосно ангажирани за остварување на оваа цел и се задоволни со нивото на прикажаниот професионализам и соработка. 

Портпаролката наведува дека од новата администрација се очекува да се идентификуваат имињата на кариерните официјални лица кои остануваат на позициите како вршители на должност, додека Сенатот не го започне процесот на утврдување на новите носители на функции.  

 Се додава дека поради тоа, Стејт департментот ги откажува сите планирани работни посети и патувања неделава, вклучувајќи ја и планираната посета на државниот секретар на Европа, Мајк Помпео.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот