Орландо Блум дома си го чува СКЕЛЕТОТ од своето куче

Instagram

Актерот Орландо Блум и по смртта на својот љубимец во 2016 година, го чува неговиот скелет во станот и редовно му посакува добра ноќ, пренесува британски Сан.

„Беше одличен придружник и многу бев вознемирен кога умре. Го задржав нековиот костур. Знам дека за некои тоа ќе звучи чудно, ама убаво е направен и сè уште можам да му речам добра ноќ“, рекол Блум.

Instagram

Орландо го спасил своето црно куче во 2004 година откако го пронашол за време на снимањето на „Небеското кралство“ во Монако. Оттогаш редовно можеле да се видат на прошетка во Њујорк. Глумецот во 2015 година дознал дека кучето има болест на црниот дроб и тоа го поделил со своите фанови на Инстаграм, а една година подоцна песот починал.

По неговата смрт Орландо го вдомил кутрето Мајти, чии фотографии редовно споделува на социјалните мрежи.

„Јас сум Британец и ние сме нација љубители на кучиња. Но дури и да не сум Британец сè уште би бил љубител на животни, особено на кучиња. Не можам да си помогнам себеси“, рекол Блум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот