Оријана Фалачи: Доброволно осамена до последниот здив (ФОТО)

Најмаркантната Италијанка на 20 век сакаше да остане сама до последниот ден, до последното патување. Тоа беше нејзината желба кога се врати во родната Фиренца, дома, за да се соочи со смртта. Во целиот свој живот имаше само една љубов и два-тројца пријатели со кои се гледаше ретко, а на својот погреб го побара само него – Франко Ѕефирели, Тосканец како неа.

Не сакаше никој друг да стои крај нејзиниот ковчег, исто како што не сакаше никој да и се приближи премногу блиску во животот. Режисерот Франко Ѕефирели, веројатно беше најблискиот човек кој Оријана го имаше. Се запознаа по војната, во 1946 година, ги зближи нивната неверојатна сличност, речиси идентичност на нивните карактери. Тие беа двајцата најпознати Италијанци во светот. Години подоцна, во Њујорк, беше дури и организирана една забава во нивна чест. Двајцата пријатели не се гледаа често, обврските ги влечеа на различни страни од светот, но ако се погодеа во ист град, неминовно се наоѓаа. Најчесто, тоа беше Њујорк, најретко – нивната родна Фиренца.

Oriana Fallaci in an undated photo.

Оријана не сакаше да зборува за себе, ништо за својата интимност. Живееше осамено, ја сакаше таа самотија, сакаше да се нурне во хаосот на светот – во центарот на војните, а потоа да се повлече, да го напише тоа без никому ништо да каже, без исповеди, без зближувања.
Таква била и како девојче, се опишува еднаш самата себе во писмото до нејзината сестра Паола. Убава, со длабоки очи, повлечена, очајно но доброволно сама.

„Моите сеќавања беа секогаш поврзани за депресијата, за несреќата, за потиснатата желба за бунт, за побуната која се трансформираше само во соништата. А соништата се преливаа само во една слика: да пишувам книги. Да, отсекогаш знаев дека ќе бидам писателка. Ги замислував своите книги, обвиткани во црвени дебели корици, онакви какви што беа оние публикуваните од „Сонѕоњо“ на нашите полици дома, оние кои никогаш не се уморив да ги гледам.

Image result for oriana fallaci

Новинарството, од друга страна, го гледав како извонредна авантура. Благодарение на весниците отпатував за Малезија. Во Индија и Малезија, таму каде што сонував да одам кога имав само шест-седум години. Бев девојче кое не сонуваше како другите за венчавка, зашто секогаш кога ќе помислев на љубов помислував само на Џек Лондон. Помислував на него, но никако за да го омажам, туку сакав да го запознаам за да пишувам за него. Љубовта ја идентификував со таков тип на човек, таков вид на љубов, човек кој може да ми биде партнер во пишувањето, а не маж со кој ќе поминувам мирни денови во некаква убава куќа, гледајќи на светот низ големите прозорци“.

Таков човек во својот живот Оријана најде само еднаш, во Гркот Алексос Панагулис, со кого беше во врска од 1973 година и остана со него до денот на неговата (мистериозна) смрт, во 1976 година, кога тој несреќно загина во сообраќајка. Тие живееја заедно како да беа венчани. Сепак, на секое патување престојуваа во различни соби, а во јавноста се однесуваа резервирано еден кон друг. Така таа сакаше, велат, а тој го почитуваше сè што таа бараше. Многумина мислеа дека чудниот пар Оријана и Алексос се заедно само поради работата. Но, тоа беше најголемата и единствена љубов на Оријана Фалачи. По него, никогаш и никого повторно не засака.

Image result for oriana fallaci

„Работата за мене значеше само – пишување. Тоа го сонував од девојче, и само тоа беше сè што сонував.

Се зборуваше дека Хенри Кисинџер посакувал да остане долго, лице в лице, со Оријана Фалачи, да дискутира со неа. Во своите дискусии беше рамна, честопати и над многу политичари кои ги интервјуираше. Но таа одбиваше да се зближи со било кого од нив, да остане после разговорот, да се сретне во неофицијална пригода. Секогаш избираше да остане доброволно сама. Напиша десетина книги.

Во книгата „Писмо до детето кое никогаш не се роди“ со искреност го шокираше светот. Тоа беше исповед на нејзиното срце. Тоа беше времето кога многу жени ја мразеа поради таа книга, а многумина премисли и воопшто да родат. Периодот во кој јасно се изјасни дека не мора по секоја цена да биде мајка, дека не може секој да биде мајка. Последните книги и беа полни со гнев, објавени после 11 септември, исповеди на личниот бунт. Се сметаше за политички азилант, па затоа живееше во Њујорк. Во родната Фиренца се враќаше премногу ретко. Се врати засекогаш таму само за да умре. Ракот, кој велат, го „стекнала“ во Кувајт, при една бензинска експлозија, секојдневно ја глодаше, но таа одбивала да се лекува.

Image result for oriana fallaci

Оријана преку своите книги го кажа тоа што многумина го мислеа, но не смееја да го напишат. Ја гонеа судиите од левицата, па често шеташе низ родните улици во придружба на полицијата, дури и кога требаше да прими пакет, тоа сакаше да го направи преку полицијата. Но во Америка беше слободна. Нејзините односи со Фиренца беа конфликтни, но не и со луѓето кои живееа во градот. Тие ја сакаа и ја читаа, ја почитуваа и и се восхитуваа.

На погребот на Оријана Фалачи немаше ниту еден политичар. Ниту еден фотограф. Ниту еден новинар (освен директорот на „Кориере дела сера“, Паоло Ермини, весник за кој таа со децении пишуваше). На својот последен пат со себе понесе само еден примерок од весникот „Кориере“ и три жолти рози. И една монета која никогаш не и беше доделена – жителка на градот Фиренца, која и ја донесе и за која се избори непосредно пред нејзината смрт нејзиниот најблизок пријател, режисерот Франко Ѕефирели. А пред него стоеше уште една „режија“, поодговорна од сите претходни: да излезе на плоштадот заедно со граѓаните на Фиренца, оние кои ја сакаа, за да ја испратат нивната сограѓанка. Да покажат колкумина се.
Беа многумина.

Оријана Фалачи со Алфред Хичкок

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот