Оригиналниот дрес на Џордан од Дрим тимот ставен на аукција

Дресот со кој Мајкл Џордан играше на Олимписките игри во Барселона 1992 година од денеска е ставен на аукција, објави аукциската куќа Robert Edwards Auctions.

Не е назначено на кој натпревар Мајкл Џордан го носел овој дрес, но неколку детали откриваат дека станува збор за еден од дресовите кои ги носел на натпреварите.

Како што објави аукциската куќа, кошаркарите на првиот Дрим тим со бели дресови настапија на четири натпревари, против Аргентина, Литванија, Канада и во финалето кога ја совладаа Хрватска со 117:85. Против Канада и Аргентина, Дрим тимот играше во квалификациите за Олимписките игри.

На предниот дел од дресот со фломастер е напишано „Best wishes“ и под порака стои потписот на Џордан.

Овој дрес за прв пат беше продаден на аукција веднаш по Олимписките игри во Барселона кога Џордан го продаде преку својата хуманитарна фондација, а заработи 17.500 долари. Дресот по втор пат е продаден на јавна аукција во 2013 година за сума од 53.325 долари.

Аукцијата за дресот кој го носеше најдобриот кошаркар на сите времиња, како почетна цена на наддавањето беше

одредена 25.000 долари, а моменто има девет понудувачи кои се заинтересирани да го купат и највисоката понуда изнесува 33.000 долари. Аукцијата ќе трае до 19 април и се очекува сумата да биде поголема од претходниот пат кога беше продаден дресот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот