Организирајте го домот: Задоложително ослободете се од нештата кои не ги користите

unsplash

Секој предмет си има свое место, имајте го тоа на ум, како крајна цел при организација на домот. Џои Кларк, стручњак за организација на домор и стилистка, сподели неколку совети како подобро и практично да ги средите нештата во својот дом и од што треба веднаш да се ослободите.

Како што пишува „Apartment Therapy“ прво што треба да направите е да ги извадите сите нешта на купче и да ги распределите во три групи – она што ќе го задржите, она што ќе го фрлите и она што ќе го донирате.

Овој чекор е важен бидејќи некогаш не сме свесни колку нешта имаме и додека не ги видиме сите на едно место. Кога ќе ги направите трите купчиња, можете да го визуелизирате просторот кој треба да го организирате и да се решите како да го средите.

Кларк вели дека фрлањето и донирањето предмети е најтешкото нешто, но и најважниот чекор при средување на домот за многумина, бидејќи емотивно се врзуваат за предметите, па таа советува да го смените начинот на размислување.

– Нема смисла да ги чувате нештата кои никогаш не сте ги користеле или облекле. Имате можност тоа да му го дадете некому кој ќе ги користи. Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе се ослободите од некои нешта кои ве врзуваат за минатото – вели таа.

Секој предмет има свое место во домот – ова морате секогаш да го имате на ум кога го организирате домот.

– Сè треба совршено да се вклопува и да биде организирано, а за да дојдете до тоа, треба да му го пронајдете на секој предмет неговото место во домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот