Организаторот во сè поголеми проблеми, нови 10 случаи на позитивни на коронавирус

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Организацискито комитет на Олимписките игри во Токио соопшти дека за прв пат е детектирано присуство на коронавирусот помеѓу спортистите кои се сместени во Олимпиското село.

Според новинската агенција Кјодо, позитивни на Ковид-19 биле дури 10 учесници од странство, од кои во Олимпиското село се двајца спортисти како и еден кој не се наоѓа во селото. Засега организаторот не соопштува кои се спортистите или од кои земји доаѓаат.

Зошто Јапонија не ги откажува Игрите, на пет дена до стартот има се повеќе проблеми

Олипмписките игри ќе се одржат од 23. јули до 8. август под строги здравствени мерки и нема да биде дозволено присуство на публика на трибините иако најголем дел од Јапонците се против одржување на Игрите во Токио.

Македонската делегација ќе брои осум спортисти, пливачите Миа Блажевска-Еминова и Филип Дерковски, Бранковски Борјан (спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол), знаменосецот Дејан Георгиевски Дејан (таеквондо), Пулексенија Јованоска (карате), Магомедгаџи Нуров (борење слободен стил), Арбреша Реџепи (џудо) и атлетичарот Јован Стојоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот