Организаторот попушти под притисокот: На Австралија Опен е дозволено носење маички со поддршка за кинеската тенисерка

Гледачите повторно ќе можат да ги носат маичките на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Организаторот на Австралија Опен, соопшти дека ја укина забраната за носење на маички со пораки за поддршка на кинеската тенисерка Шуаи Пенг и тоа по големите критики на јавноста.

Претходните денови на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како обезбедувањето на Австралија Опен им наредува на навивачите на трибините да ги соблечат маичките на кои пишуваше „Каде е Шуаи Пенг“.

Директорот на гран слем турнирот и прв човек на Тениската федерација на Австралија, Крег Тили, изјави дека навивачите повторно ќе можат да ги носат маичките, се додека не се собираат во поголеми групи и не им пречат на останатите гледачи на трибините.

– Доколку сакаат да носат такви маички, во ред. Но, доколку некој на трибините доаѓа со цел да ја наруши безбедноста и комфорот на нашите навивачи, тогаш не е добредојден на трибините – изјави Тили.

По укинувањето на забраната, активистите планираат да поделат стотина маички со истиот натпис за време на финалниот меч во женска конкуренција кој ќе се игра в сабота.

Шуаи Пенг во ноември минатата година го обвини поранешниот кинески вицепремиер Занг Гаоли за сексуално злоставување и потоа „исчезна“ од јавноста.
Нејзината објава на кинеската социјална мрежа беше експресно избришана и потоа не дваесетина дена немаше никакви информации за тоа каде се наоѓа Шуаи Пенг.Тениската кон крајот на ноември се појави во јавноста, таа присуствуваше на турнир за млади, а потоа негираше дека го обвинила екс вицепремиерот за силување.

Иако од време на време се појавува во кинеската јавноста, голем дел од светската јавност се уште е загрижена за нејзината безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот