Организаторот на Ролан Гарос во паника, можно е повторно одложување на грен слем турнирот

На Ролан Гарос ќе може да настапат и руските и белоруските тенисери/ фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Тениската федерација на Франција е во паника поради вториот годинешен грен слем турнир, Ролан Гарос кој треба да се одржи од 24. мај до 6. јуни, дека втора година по ред може да биде одложен.

Организаторите на Ролан Гарос стравуваат дека евентуалното продолжување на карантинот може да го загрози одржувањето на грен слем турнирот.
– Доколку ни кажат дека мора да останеме во карантин два месеци, ќе мора да преземеме неопходни мерки, а најлошата ќе биде откажување на турнирот иако не се обидувам да помислам на такво нешто – изјави Жил Моретон, претседателот на тениската федерација на Франција.

Моретон истакна дека од ширењето на коронавирусот ќе зависи и дали ќе има гледачи на терените на Ролан Гарос.
– Разгледуваме многу сценарија за Ролан Гарос 2021, а имаме многу. Единствено што не можам да замислам е дека ќе имаме полни трибини. Може да се случи Ролан Гарос да се игра без публика, но и да има одреден број навивачи на трибините – додава Моретон.
Минатата година поради пандемијата на коронавирусот, Ролан Гарос наместо во стандарниот пролетен термин, се играше на есен (27 септември – 11 октомври), а титулата ја освои Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот