Организаторот на протестот за случајот „Монструм“ заработи казна од 500 евра

29 јануари 2020, Скопје / Фото: Ристе Пејовски - Слободен печат.

Блерим Ахмеди кој во МВР пријави одржување на протест за поддршка за обвинетите во случајот „Монструм“, денеска бил поканет во полициската станица во Битпазар, каде бил казнет со 500 евра заради прекршување на мерките против ширењето на коронавирусот со протестот на 29 јануари, пренесе Локално.

„Вчера бевме повикани од полицијата преку телефон и немавме писмена покана, што е спротивно на законот. Бевме повикани за проблемот со протестот на 29 јануари и тие бараа одговорност за немање социјална дистанца, не носење на маска. Во полициската станица во Бит Пазар имавме голем притисок. Ми беше забрането правото на јазик и не ни беше дозволено да користиме преведувачи. Ја добив казната, од околу 500 евра и ми се заканија дека ако продолжам со протестите како организатор, ќе ме уапсат“, изјавил тој за ТВ Лајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот