Организаторот на идното СП, Катар не ги плаќа работниците мигранти

EPA-EFE/ALI HAIDER

Организација за човекови права ја обвини компанијата која ги проектира стадионите во Катар како главен виновник за недавањето плати на работниците.

Организаторот на Светското првенство 2022 година, Катар повторно се најде под притисок на јавноста откако истрагата на Амнести Интернешнл утврди дека околу 100 работници мигранти кои работат на изградба на еден од стадионите дури седум месеци не добиле плата, а за тој случај знаеле и властите.

Организацијата за човекови права соопшти дека обвинувањата се однесуваат на КМЦ (Katar Meta Coats), компанија која е задолжена за проектирање и изградба на стадионот „Ал Бат“ чиј капацитет треба да изнесува 60.000 седишта.

EPA-EFE/ALI HAIDER

Откако Амнести Интернешнл покрена тужба против КМЦ во катарските судови, дел од вработените почнале да добиваат плата, но ниту еден од градежниците мигранти не ги добил неисплатените плати.

– Овој случај е последна проклета илустрација колку се уште е лесно да се експлоатираат работниците во Катар, дури и кога градат стадион за Светско првенство – изјави шефот за екомонска и социјална правда на Амнести, Стив Кокбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот