Организаторите не ѝ дозволија на шпанска пливачка да патува со нејзиното бебе во Токио

Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Капитенот на шпанскиот олимписки тим во синхронизирано пливање, Она Карбонел, денеска се пожали на „драстичните мерки“ на организаторите, кои ѝ оневозможија да патува со своето бебе на Игрите во Токио.

– Морав да го оставам мојот 11-месечен син, и покрај најавите дека ние, спортистите, можеме да патуваме на Игрите во придружба со нашите мали деца – напиша Карбонел на Инстаграм.

Таа изјави дека организаторите ја известиле за мерките поради кои таа морала да патува без нејзиниот син.

– Откако добив безброј пораки за поддршка да одам во Токио со Каи, морам да го искажам моето разочарување затоа што на крајот ќе морам да патувам без него – вели шпанската пливачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ona Carbonell (@ona_carbonell)

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) минатиот месец објави дека на мајките што дојат ќе им биде дозволено да патуваат со своите деца, по поплаките од канадскиот кошаркар Ким Гочер и американскиот фудбалер Алекс Морган.

Карбонел изјави дека натпреварувачките ќе мора да го напуштат заштитниот меур на Олимпиското село со цел да ги дојат своите деца и со тоа да го зголемат ризикот од инфекција, загрозувајќи ги и самите нив и членовите на нивниот тим.

– Ова не е прв ваков скандал во Токио

Американската параолимпијка Ребека Мајерс се повлече од Параолимписките игри во Токио затоа што организаторите го одбија нејзиното барање да ја земат нејзината мајка, која ја чува затоа што е глува и слепа.

ВИДЕО: Најчудните спортови на Олимписките игри во Токио

Видео на денот