Организаторите на протестот „Србија против насилството“ потпишаа „Договор за победа“ и побараа вонредни парламентарни избори

Фото: МИА

Претставниците на петте пратенички групи на опозицијата – Небојша Зеленовиќ, Зоран Лутовац, Мариника Тепиќ, Мирослав Алексиќ, Радомир Лазовиќ и Александар Јовановиќ Чута, кои ги организираа протестите „Србија против насилството“, денеска потпишаа „Договор за победа“ и го повторија барањето до крајот на годината да се одржат вонредни парламентарни и белградски избори. Тие демонстрираа единство и решителност да ја поразат „криминалната власт“ и ги повикаа сите актери на опозицијата да соработуваат со нив за постигнување на таа цел.

Суштината на договорот што го потпиша партиите од проевропската опозиција, е заедничка соработка на сите други партии од опозицијата, не само соработката на потписниците на овој договор, почитување и ненапаѓање на опозицијата, координирање на акциите на опозицијата и фокусирање на промена на криминалниот режим, контрола на изборите, се што е потребно за победа на „криминалната власт“. Се инсистираше и на вклучување на граѓаните во политичките процеси.

Потпишаниот документ не мора да значи, објаснија неговите потписници, дека станува збор за коалиција која ќе оди на избори на една листа, за тоа ќе се решава во интерес на постигнување на најдобар можен резултат кога ќе се распишат изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот