Организаторите на Парадата на гордоста со јавно признание за МВР – Слободен печат
ВестиМакедонија

Организаторите на Парадата на гордоста со јавно признание за МВР

Припадниците на полицијата професионално ја извршија својата работа, велат организаторите на настанот.

Организационен одбор на Скопје Прајд 2019 за настанот кој се одржа во саботата оддава јавно признание на Министерството за внатрешни работи.

„Би сакале да му оддадеме јавно признание на Министерството за внатрешни работи за одличната соработка пред и во текот на одржувањето на Скопје Прајд и за професионално извршената работа. МВР доследно ја спроведе својата превентивна улога во текот на настанот, без притоа да го наруши чувството на сигурност кај учесниците. Исто така, полицијата успешно спречила обид за напад врз активист во приградска населба во Скопје, по завршувањето на Скопје Прајд. Го охрабруваме министерството да продолжи да го следи говорот на омраза и соодветно да постапува. А посебен апел упатуваме до Јавното обвинителство, од кое очекуваме поенергична борба против овој феномен кој продуцира и насилство“, се вели во соопштението од Организацискиот одбор.

Оттаму додаваат и дека првата парада на гордоста во Скопје се одржа во прекрасна атмосфера и со бројност која ги надмина нивните очекувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close