Организаторите на Австралија Опен да најдат начин како да ги заштитат тенисерите

Фото: EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Претставници на Министерството за здравство на Австралија побараа од организаторите на првиот годинешен грен слем да направат стратегија која ќе овозможи да се играат тениски мечеви и на отворено.

На првиот ден од квалификациите, Далила Јакуповиќ мораше да го предаде својот меч поради проблеми со дишењето откако на теренот и беше укажана лекарска помош поради силната кашлица.

На вториот ден, натпреварите од квалификациите беа прекинати на три часи поради загадениот воздух, а потоа падна дожд кој малку го расчисти воздухот но и донесе целосен прекин на наптреварите.

Интересно е што тенисерите веќе почнаа да ги откажуваат своите настапи во Австралија поради загадениот воздух предизвикан од силните пожари кои беснат веќе неколку месеци.
Кевин Андерсон одби да игра на Кујонг класик турнирот, а Марија Шарапова и Лаура Зигмунд спогодбено го напуштија теренот пред самиот крај на истиот турнир.

Сиве овие откажувања но и проблеми на тенисерите кои играат во квалификациите, ги натера луѓето од Министерството за здравство на Австралија да реагира.

„Тениската федерација на Австралија мора да најде начин да се избори со оваа ситуација. Јас лично не можам да кажам што ќе се случува во конкретните ситуации, какви ќе бидат условите во затворен простор и како работи системот за филтрација на воздухот кој треба да биде алтернатива за организаторите. Но, сметам дека мораат да размислат за решение во деновите кога воздухот ќе биде од тој со послаб квалитет со толку лош кој би се сметал за отровен. Мораат на најдат начин да ги заштитат тенисерите – изјави Министерот за здравство на Австралија, Грег Хант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот