Ордановски: Доколку правосудството сака да испорача правда, тоа ќе го стори

На овие избри, според него, политичките партии треба да се потрудат осомничените во овие случаи да не ги стават на кандидатските листи.

Новинарот и аналитичар Сашо Ордановски во вечерашното гостување во „ТВ24“ истакна дека законите не се пресудни за функционирање на правото. Вели проблемот е со интегритетот и кадровскиот состав во судовите, отколку законите.

-Македонија мора да расчисти со случаите на СЈО, дел се многу компликувани. Законите важат за сите подеднакво и зависи колку обвинителите ги туркаат тие предмети. Треба што побрзо да се затворат овие случаи. Доколку правосудството сака да испорача правда тоа ќе го направи. Ако постои волја во судството, може да се решаваат брзо предметите. Гледате за случајот „Рекет“ колку брзо оди. Кога судството и обвинителството сакаат да испорачаат правда тоа мора да се направи. „Рекет“ отиде во супер брза постапка, вели новинарот Сашо Ордановски.

На овие избри, според него, политичките партии треба да се потрудат осомничените во овие случаи да не ги стават на кандидатските листи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот