Орданоски за Утрински брифинг: Ние работиме додека дугите спијат

Сашо Орданоски / Утрински брифинг

Започна третата сезона на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, чиишто вести ексклузивно ќе можете да ги проследите во видео и пишана форма на сајтот на „Слободен печат“.

Утрински брифинг новата сезона ја започнува во ново студио сместено во Градскиот трговски центар во Скопје, покрај просториите на весникот „Слободен печат“. Во новото студио, старата веќе добро позната екипа, работи во нови подобрени услови и со проширена програма.

Утрински брифинг се емитува секој работен ден од 7.30 до 11 часот.

-Ние работиме додека другите спијат, вели Сашо Орданоски, главен и одговорен уредник на Слободен печат и домаќин на Утрински брифинг.

Тој најави дека за новите предизвици што го очекуваат тимот подготвени се и мобилни екипи кои ќе бидат поткрепа на редовната шема на гости во студиото, соговорници на актуелни општествени, политички, економски, културни и други теми.

Целта на целиот проект е на гледачите, па потоа и на читателите на „Слободен печат“ да им се овозможи брза и квалитетна информација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот