Орданоски: Ми кажаа дека сум бил меѓу петте најследени луѓе во државава

Новинарот Горан Михајловски главен уредник на порталот СДК.МК во своето денешно сведочење во процесот „Таргет-Тврдина” во кој тој е оштетен рече дека прв пат сознанија дека на прес конференција на СДСМ во 2015 година добил папка со негови прислушкувани разговори, а потоа од СЈО добил потврда дека бил присчушкуван.

Тој рече дека се чувствува оштетен и рече дека побарува оштета од милион денари.

Новинарот Борјан Јовановски од НоваТВ пак истакна дека кога биле објавени “бомбите” на СДСМ дознал, а потоа и добил транскрипти од разговори во кои јас сум бил прислушкуван.

– Се чувствувам оштетен и побарувам оштетно побарување – рече Јовановски.

Новинарот Сашо Орданоски исто така оштетен во овој случај нагласи дека има 10.000 транскрипти од неговите следени телекомуникации.

Ме следеле мене и сопругата физички. Не само што чувствувам имам и морална и материјална штета бидејќи во воздух ми е дигнато возило во 2015 година. Потоа извесно време ја напуштив државава и живееав неколку месеци надвор од Македонија. Кога ми ја дадоа папката со транскриптите ми кажаа дека сум еден од петте најследени луѓе во државава – рече Орданоски.

Новинарката Сашка Цветковска пак рече дека од прес конференцијата на СДСМ во 2015 година дознала дека е прислушкувана и тогаш добила транскрипти од нејзини разговори.

-Во СЈО кога давав исказ дознав за временската рамка во која сум била прислушкувана. Се чувствувам оштетена и побарувам оштетно побарување – нагласи Цветковска.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од некогашната УБК.

Според обвинението за „Таргет-Тврдина” преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски следела 4.286 телефонски броеви без да бидат издадени судски наредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот