Орце Камчев не дојде на суд, обвинителот побара да биде спроведен

Бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во случајот „Тортура“ на СЈО, не се појави на денешното судско рочиште. Тој требаше да сведочи за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет за апсењето на поранешниот министер за одбрана, Љубе Бошкоски.

Љубомир Лапе, обвинителот од СЈО кој го води случајот, побара за наредното рочиште Камчев да биде стражарно спроведен.

Следното рочиште е закажано за 5 јули. Судијката Александра Ристеска му даде можност, доколку го оправда отсуството, наредбата да биде повлечена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот