Орце Камчев дојде во суд, жена му Ана се разболе

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Бизнисменот Јордан Камчев денеска сведочеше во судскиот процес за „Рекет”. Камчев во процесот е сведок на Јавното обвинителство.

Сведокот Ана Камчева, според нејзиниот сопруг Јордан е болна, имала покачена температура, па судот го задолжи на следното рочиште таа да донесе лекарску документ дека навистина била болна.

Предметот „Рекет“ го води судијката Васка Николовска-Масевска, а на обвинителната клупа се првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата поранешна специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Двајцата на првото рочиште рекоа дека не чувствуваат вина, за разлика од третообвинетиот Зоран Милески кој го призна делото „примање награда за противзаконито влијание“ и доби три години казна затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот