ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Орце Ефтимов: Синдикалците на средба со министерот за здравство, протестот сепак ќе се одржи

Орце Ефтимов - Самостоен синдикат за здравство / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Двацја претставници на Самостојниот синдикат за здравство и Клиничкиот синдикат во моментов се повикани на разговори кај министерот за здравство. Не знам за што ќе се разговара, но тоа нема да биде пречка за денешниот протест на кој медицинските лица ќе го изразат незадоволството за непотпишаниот Анекс за измени на Колективниот договор за здравствена дејност и состојбата со месечните примања, изјави Орце Ефтимов од Самостојниот за здравство, фармација и социјална заштита во гостување на „Утрински печат“.

Протестот ќе се одржи пред Министерството за здравство во пет до 12 – симболика на тоа дека после целиот труд на Синдикатот и аргументиран пристап кон Министерството, време е да се реализира самото потпишување на Анексот.

Барањето на Самостојниот синдикат е потпишување на анексот да се измени Колективниот договор за здравствената дејност кој ќе утврди покачување на платите на сите вработени во дејноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот