Орбан воведе мерки за склучување поголем број бракови и раѓање на повеќе деца, еве какви се резултатите

Фото: Профимедиа

Мерките на унгарската влада кои имаат за цел поттикнување на повеќе бракови и зголемување на наталитетот субвенционирани со кредити, веќе довеле до зголемување на бројот на венчавки, иако се уште не може да се каже дали ќе се зголеми наталитетот.

Приоритет на премиерот Виктор Орбан е да ги поттикне Унгарците да склопуваат повеќе бракови и да имаат повеќе деца, со цел Унгарија демографски да се поправи.

Поради тоа, владата на Унгарија вовела и повеќе даночни олеснувања за младите семејства.

Третина од кредитот не мора да се врати ако имаат две деца

Според овогодинешната програма, паровите кои ќе се оженат пред 31 роденден на невестата би можеле да добијат субенционирани кредити до 10 милиони форинти.

Третина од кредитот не мора да се врати ако парот има две деца, а целиот долг се бриши ако имаат три деца.

Според податоците на унгарскиот завод за статистика, во првите девет месеци, склучени се 20 отсто повеќе бракови отколку во првите девет девет месеци од 2018 година.

Ова е најголема бројка на склучени бракови во Унгарија уште од 1990 година.

Не се знае дали мерките ќе бидат успешни

Само во септември биле склучени 29 отсто повеќе бракови отколку во истиот месец минатата година, што е најголема бројка на венчавки во тој месец во Унгарија уште од 1979 година.

Владата од порано соопштила дека овој месец повеќе од 50.000 парови се пријавиле за субвенционирање на кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот