Орбан: Унгарската владејачка партија може да ја напушти ЕПП

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Владејачката партија Фидес во Унгарија би можела да излезе од блокот на десниот центар на Европска Унија откако прими мешани сигнали за намерите на Европска народна партија (ЕПП) по суспензијата на Фидес од групата, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Членството ни е суспендирано. Чекаме ЕПП да ги разбистри своите погледи и планови и тогаш ќе одлучиме, истакна Орбан.

ЕПП во март го суспендира членството на Фидес поради загриженоста од популистичката антимигрантска кампања на Орбан и ерозијата на владеење на правото, слободата на медиумите и малцинските права.

Фидес не беше поканета и на дводневниот состанок на ЕП неделава во Хрватска.

– Прашање е дали (новиот претседател на ЕПП), може да го запре свртувањето во лево. Ако може, имаме заедничка иднина. Ако не, мораме да изградиме уште една политичка заедница, истакна Орбан.

ЕПП најави дека ќе испрати група во Унгарија која ќе ги истражи условите и ќе одлучи дали ќе го задржи Фидес во своите редови, додека новиот претседател на ЕПП, Доналд Туск очекува таквиот процес да биде завршен до крајот на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот